Рабио си ја отвори душата: Не разбирам како на 19 години заминуваш за Саудиска Арабија?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот играч од средината Адриен Рабио одби неколку понуди од страна на големи клубови ова лето, изјави за “Провенс”.

Сјајниот фудбалер минатиот септември потпиша за Олимпик Марсеј и беше еден од најважните играчи на тимот на Роберт де Зерби кој на крајот заврши како вицешампион на Франција. 

Во опширно интервју зборуваше и за трендот на заминување на играчите во Саудиска Арабија.

“Кога ќе видам дека играчи на 19 години потпишуваат за клубови од Саудиска Арабија… За мене тоа е незамисливо. Тоа не е нешто што би го направил на таа возраст, но секој си го има својот пат. Не сакам да осудувам, не нè водат сите исти работи. За мене, сакам да играм во најпрестижните европски натпревари и да ја почувствувам емоцијата како таа на ‘Велодромот’ “, истакна Рабио меѓу другото за “Провенс”.

Фото: Принтскрин