Работнички постигна нов договор со еден од водечките македонски таленти


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш Работнички денеска потпиша нов долгорочен договор со младинскиот репрезентативец Теодор Николовски, уште еднаш покажувајќи ја својата посветеност кон развој на домашните млади таленти.

Со продолжување на договорот до 2028 година, Николовски ќе остане дел од екипата во Дебар Маало, што јасно покажува дека клубот гледа светла иднина во овој млад перспективен фудбалер.

Минатата сезона 20-годишниот играч направи значителен напредок, добивајќи поголема улога во првиот тим – настапи на 20 натпревари и постигна еден гол.

Фото: ФК Работнички