Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Нигерискиот фудбалер Рашид Содик е најновото засилување за македонскиот прволигаш Работнички.
Содик потпиша двегодишен договор со Работнички и утре ќе им се приклучи на новите колеги во екипата од Дебар Маало.
„Чест ми е што ќе го носам дресот на Работнички. Кога пристигна понудата, воопшто не се двоумев. Добро знам какво е педигрето на овој клуб во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе дадам придонес во остварување на целите на клубот во наредниот период“, кажа Содик.
Нигериецот и претходно играше во Првата лига, односно минатата сезона беше член на Скопје и настапи на 16 меча.