Радикален потег на „Олд Трафорд“: Аморим троши 40 милиони евра за замената на Онана


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во Манчестер Јунајтед полека го губат трпението и изгледа дека на Олд Трафорд летово ќе пристигне нов голман, што значи дека судбината на Андре Онана во дресот на „Црвените ѓаволи“ е под голем прашалник.

Манчестер Јунајтед во четвртокот играше во гости против Лион натпревар од четвртфиналето на Европската лига кој заврши со резултат 2:2.

Голот за францускиот тим го постигна Черки, но она што го одбележа тој погодок беше неверојатната грешка на Андре Онана.

По таа грешка Онана се нашол во центарот на вниманието, а тоа е само уште една во низата катастрофални грешки кои го чинеа Јунајтед подобар резултат.

Во клубот одлучија летово да почнат потрага по нов голман, а нивниот избор падна на Серија А, поточно во тимот на Парма.

Манчестер Јунајтед е решен да го доведе 22-годишниот голман Зион Сузуки и според пишувањата на островските медиуми, подготвени се да понудат на Парма 40 милиони евра, а тоа е приближно сумата која и во Парма ја посакуваат за својот голман.

Фото: Манчестер Јунајтед/ФБ