Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот тренер Радомир Антиќ во интервју за шпанскиот „Гол“ зборуваше за актуелните фудбалски теми.
Меѓу фудбалерите кои беа на „тапет“ кај Србинот се најде и Лука Модриќ кој беше избран за најдобар светски фудбалер.
„Апсурдно е што ниту еден од трите великани на шпанскиот фудбал не размисли за потпишување на најдобриот организатор на игра, Кевин Де Брајн. Од кога Модриќ е најдобар? Неговиот избор за најдобар играч на светот нема никаква смисла. Тој не асистира, не постигнува голови. Потребни ви се играчи како Де Брајн, кои прават другите да играат подобро“ –заклучи Антиќ.