Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Рафиња оваа сезона игра во маестрална форма во Барселона и многумина веруваат дека и покрај испаѓањето на овој клуб од Лигата на шампионите, тој е меѓу главните кандидати за освојување на Златната топка. Бразилецот пред Ел Класико одлучи да ја открие својата животна приказна, но и да признае кој му најмногу помогнал да се вклопи толку добро во екипата на Барселона.
Тврди дека ужива играјќи во Барселона и откри кој му помогнал да се вклопи што подобро во каталонскиот клуб, но и во животот во Шпанија.
„Многу зборувам со Нејмар. Тој ми даде многу корисни совети кои ми го олеснија животот и играта во Барселона. Среќен сум што полека ги достигнувам бројките на Нејмар од неговото време во Барселона. Се надевам дека ќе продолжам со добра форма и ќе освојам сè што и тој освои со нашиот клуб”.
Фото: Принтскрин