Рафиња ја покажа класата и надвор од теренот (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во реванш натпреварот од Купот на Кралот, Барселона го победи Атлетико Мадрид со резултат 1:0 и се пласираше во финалето на ова натпреварување.

Стрелец на единствениот и решавачки гол беше Феран Торес во 27. минута на асистенција на младиот Ламин Јамал.

Еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч на Барселона оваа сезона – Рафиња го мина сите 90 минути на терен и повторно одигра многу добро.

Бразилецот одамна покажа дека е класа на теренот, но синоќа ја покажа класата и вон теренот.

Рафиња се поздрави со ривалите, а потоа со Родриго Де Паул размени дресови.