Рафиња откри: Ме повика Анчелоти во Наполи, но …


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Десниот бек на Баерн, Бразилецот Рафиња откри дека изминатото лето го одбил повикот на тренерот Карло Анчелоти да се пресели во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.

„Често се слушав со Анчелоти, разменивме неколку пораки. Му се восхитувам и многу го почитувам. Ме повика во текот на одморот и ме праша дали можам да дојдам во Наполи“, истакна Рафиња, кој соработуваше со Анчелоти во баварскиот клуб.

Рафиња во продолжение и зошто ја одбил понудата.

„Во тој момент не сакав да одам, поради лојалноста кон Баерн. Потпишав нов договор и одлуката да заминам не би била правилна“, истакна тој.

Рафиња има 33 години, а во италијанската лига играше во сезоната 2010/2011 кога го носеше дресот на Џенова.