Рагник го пронајде првото засилување за Манчестер јунајтед

Германскиот тренер Ралф Рангник седна на кормилото на Манчестер јунајтед, кој претходно му даде отказ на Оле Гунар Солскјер поради лошите резултати.

Рангник во претходните години работеше како спортски директор во Лајпциг и Локомотив Москва од која дојде во Јунајтед, па сега многумина имаат големи очекувања од него.

Англиските медиуми почнаа да шпекулираат за можните промени во тимот, а сите се плашат да не настрада Кристијано Роналдо.

„Црвените ѓаволи“ во јануари ќе се обидат да купат некои нови засилувања, а „Тајмс“ објави едно фудбалско име кое ќе биде желба на Рангник.

Тренерот на Јунајтед сака да го донесе Амаду Хаидара од Лајпциг, кој совршено би се вклопил во неговата тактика, а трансферот не би требало да биде комплициран затоа што има одлични односи со раководството на германскиот тим.