Раиола ќе му помогне на Милан да стигне до играч од одбраната


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Милан е силно заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот од одбраната на ПСВ, Дензел Дамфрис.

За младиот фудбалер има сериозен интерес од неколку поголеми европски екипи, но се верува дека Милан во моментов е во пол позиција затоа што агент на играчот е Мино Раиола.

Еден од најпознатите агенти ќе му помогне на клубот од „Сан Сиро“ да стигне до потписот на Дамфрис кој годинава запиша 40 настапи за ПСВ и успеа да постигне осум погодоци, а четири пати се запиша и во листата на асистентите.

Неговата примарна позиција е десен бек, но исто така добро одговара и како стопер кога клубот игра со тројца стопери во линија.