Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мино Раиола, агентот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во интервју за шпанскиот весник „Марка“ откри дека неговиот клиент минува низ тежок период.
Погва не игра речиси цела сезона, а голема е веројантоста тој да си замине од Манчестер Јунајтед по крајот на оваа сезона.
Според Раиола, Французинов во моментов минува низ тежок период меѓутоа засега размислува само на тоа како да му помогне на Манчестер Јунајтед да дојде до местата кои водат во Лигата на шампионите.
„Пол минува низ тежок период. Како и да е, да бидеме јасни, затоа што во Англија се многу сензитивни по ова прашање, Пол во моментов е фокусиран само на тоа да има одличен финиш на сезоната со Манчестер Јунајтед. Сака да се врати во тимот и да му помогне на Јунајтед да стигне до Лигата на шампионите“ –започна Раиола, а потоа беше прашан за иднината на фудбалерот на „Олд Трафорд“.
„Никогаш не може да знаете што ќе се случи, денес јас навистина не знам што ќе се случи. Во овој момент, единствено нешто што му е важно е клубот и неговите соиграчи, а потоа ќе видиме кои се можностите, имаше голем интерес за него минатата година, но не беше возможно да си оди“ –заврши Раиола.