Рајковиќ потпиша со ЦСКА Москва: Ова е голема чест, но и огромна одговорност!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тренер Емил Рајковиќ потпиша двегодишен договор со ЦСКА Москва и доби шанса  да предводи еден од најдобрите тимови во светот на кошарката.

Рајковиќ ќе го замени Димитриос Итудис, а овој ангажман се случи пред 100. роденден на рускиот клуб, кој беше формиран во 1923 година.

„Ова е голема чест и огромна одговорност. Горд сум што добив повик од ЦСКА Москва и ја почитувам довербата на раководството на тимот. Заедно ќе работиме со голема посветеност за да играме модерна и возбудлива кошарка“, кажа Рајковиќ.