„Рајола е жив, но неговата состојба е многу тешка“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалскиот свет го потресе информацијата дека починал најпознатиот фудбалски агент Мино Рајола.

Најголемите светски медиуми објавија дека Рајола почина на 54-годишна возраст, но неговата десна рака Хозе Фортес Родригез соопшти дека тоа не е вистина.

„Рајола е во тешка здравствена состојба, но не почина“, кажа Родригез по вестите кои се појавија во медиумите.

Познатиот агент во претходните месеци беше во тешка состојба и имаше сериозни проблеми со белите дробови.