Рајола го измами Дортмунд: Халанд нема откупна клаузула и мора да замине на лето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот меѓу Борусија Дортмунд и Мино Рајола ќе му овозможи на Ерлинг Халанд да си замине следното лето.

Речиси сите европски гиганти се подготвени да го купат Халанд, а на негов трансфер работи Рајола.

Рајола претходно напрви договор со Дортмунд според кој Халанд мора да биде продаден во 2022 година, иако има договор до 2024 година.

Медиумите пишуваат дека откупната клаузула била меѓу 80 и 100 милиони евра, но шпански „АС“ пишува дека такво нешто во договорот – нема.

„Кога Борусија во 2020 година го купи, еден од условите беше да го продадат во 2022 година. Рајола сакаше Халанд да игра во Дортмунд затоа што тоа е клуб кој нема притисок врз младите играчи и тоа е одлична екипа за развој“, пишува „АС“.