Рајола го нападна Милан поради свирежите кои го расплакаа Донарума


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума доби свирежи од навивачите на „Сан Сиро“ на дуелот против Шпанија, а потоа се расплакал во соблекувалната на Италија.

Навивачите на Милан никогаш нема да му простат затоа што Донарума го напушти тимот како слободен играч и се пресели во ПСЖ.

Поради целата ситуација се јави и менаџерот на Донарума, Мино Рајола кој го обвини Милан поради тоа што му се случило на италијанскиот чувар на мрежата.

„Она што се случи на стадионот е тажно, чудно и срамно. Чудно е што фановите го напаѓаат Донарума бидејќи направи слободен избор, а уште почудно е што Милан не се дистанцираше како клуб од транспарентите и свирежите против Џиџо. Згрозен сум од свирежите кон Донарума и се прашувам зошто Милан не интервенираше на некој начин по истанувањето на банерот. Дали тој убил некого? Вистината е дека Милан немаше сила да го задржи, но тоа не прави разлика. Прашајте било кој, прашајте го татко му. Што би му сугерирал на својот син? Да оди во ПСЖ или да остане во Милан?“, кажа Рајола.