Рајола и таткото на Халанд заминаа на преговори во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мино Рајола заедно со таткото на Ерлинг Халанд денеска заминаа во Шпанија на преговори со двата најголеми тимови во шпанската Ла Лига.

Каталонски „Спорт“ објави дека тие двајца биле на преговори со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој им го претставил проектот.

Сепак, тие тука не запреле, па со приватен авион заминале за Мадрид, каде што ќе имаат средба со Флорентино Перез, претседателот на Реал, кој треба да им го претстави неговиот проект.

Халанд е еден од најпривлечните фудбалери за европските гиганти, кои ќе се обидат ова лето да го добијат неговиот потпис.