Рајола: Милан не го предаде Милан, туку избра што е најдобро за него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума летово го напушти Милан како слободен играч и потпиша за ПСЖ, по што навивачите го прогласија за предавник.

Менаџерот на Донарума, Мино Рајола кажа дека Донарума го направил најдобриот избор за себе, иако тој не им се допаднал на многумина.

„Жал ми е поради начинот на кој се однесуваа навивачите кон Донарума. Сепак, тој направи животен избор, а не предавство. Можеше да замине и пред четири години, но остана и не потпиша за Јувентус. Нема дилема според мене дека Донарума ќе биде прв голман на ПСЖ во иднина“, кажа Рајола.

Голманот беше избран за најдобар играч на Европското првенство бидејќи ја предводеше репрезентацијата до титулата.