Рајола му се налути на Јунајтед: Таму не би однел никого, тие би ги уништиле и Пеле, Марадона и Малдини…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мино Рајола е агент на некои од најдобрите фудбалери во светот, а некои од нив направија трансфери како Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимовиќ, додека не е исклучена можноста тоа да го направат уште неколку негови фудбалери.

Рајола зборуваше и за третманот на Манчестер јунајтед на Пол Погба, за кој смета дека не го добива тоа што го заслужува.

„Не би однел никого таму. Тие би ги уништиле Марадона, Пеле и Малдини. На Пол му е потребна екипа како што е Јувентус“, порача Рајола.

Засега не е познато дали Погба ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, но според шпекулациите Французинот ќе остане во Манчестер до лето, по што ќе побара нов клуб.