Рајола најави голем трансфер: Летово носам суперѕвезда во Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Опасниот коронавирус го запре спортот на неодредено време, но очигледно тоа не го загрижува Мино Рајола, кој веќе „крои“ планови за летниот преоден рок.

Рајола за „Марка“ зборуваше за некои фудаблери, но најави и еден голем трансфер, кој го подготвува за лето.

„Кога станува збор за Погба, тешко е да се каже што ќе биде со него. Реал го сака и покажа интерес за него, но неговото заминување од Јунајтед не беше можно. Сега ќе видиме каква ќе биде ситуацијата“, кажа Рајола.

Контроверзниот агент зборуваше и за своите односи со „кралскиот клуб“, па кажа дека планира да однесе една суперѕвезда таму.

„Имам одлични односи со Реал. Целта ми е да договорам трансфер на еден од моите фудбалери во Реал Мадрид. Таму веќе го имам Ареола, но летово ќе се обидам да однесам суперѕвезда“, вели Рајола.