Рајола најде начин како да го уценува Милан!?

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан во моментов се обидува да му го продолжи договорот на голманот Џанлуиџи Донарума.

Донарума има договор до 2021 година, а Милан му понудил соработка на повеќе години, но сега се појави Мино Рајола, кој почна да прави проблеми и преголема плата.

Младиот голман повторно се поврзува со трансфер во Јувентус, иако во „сенка“ чека и Интер, па Рајола сака да го искористи тоа за да добие поголем бонус за неговиот фудбалер.

Милан во овој момент е лидер во Серија А, а Донарума од 13 натпревари на четири успеа да ја зачува чиста својата мрежа. Вкупно во сите натпреварување Донарума сезонава бранеше на 20 натпревари.