Рајола од трансфер на Халанд сака да заработи – големо богатство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд повторно е голема желба на многу тимови, а тој се поврзува со трансфер во Челси, кој е подготвен да плати 175 милиони евра за неговите услуги.

Меѓутоа, засега нема испратено официјална понуда до Борусија, а и да се случи тоа наскоро, Челси освен 175 милиони евра за трансфер, ќе мора да исплати и голема сума за менаџерот Мино Рајола.

„Скај Спорт“ тврди дека контроверзниот менаџер сака да заработи дури 40 милиони евра од трансферот на Халанд, па кој ќе го купи, мора да ја планира и таа сума.

Рајола и претходно добиваше големи суми за трансфери, но оваа сума од 40 милиони евра ќе биде апсолутен рекорд.