Рајола откри каде планира да се пресели Халанд, цел трансфер ќе чини 250 милиони евра

Норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд ќе биде најголема ѕвезда во летниот преоден рок во 2022 година. Тој е желба на многу тимови, а неговиот менаџер Мино Рајола денеска даде коментар за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.

Оваа вест најмногу ќе ги израдува навивачите на Реал Мадрид и Барселона, иако фаворит за неговиот потпис ќе бидат „кралевите“ кои се наоѓаат во подобра финансиска состојба.

„Халанд ја обожава Шпанија, но рано е да зборуваме за следната сезона. Ќе видиме што ќе се случи во преодниот рок“, кажа Рајола.

Трансферот на Халанд ќе му донесе 75 милиони евра на Борусија Дортмунд, додека Рајола и таткото на фудбалерот, Алф Инге Халанд сакаат дел од колачот, па вкупниот трансфер би можел да чини до 250 милиони евра.

Халанд се поврзува со многу европски гиганти, а според зборовите на Рајола, фаворит ќе биде клубот од шпанскиот главен град.