Рајола откри: Сите зборуваа за Јунајтед, а Халанд го бараа 12 клубови!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерлинг Халанд вчера потпиша за Борусија Дортмунд, но имаше можност да бира каде ќе игра затоа што доби голем број понуди по импресивната полусезона во Салцбург.

Мино Рајола откри дека за Халанд биле заинтересирани 12 клубови ширум Европа, меѓу кои и Манчестер јунајтед и Јувентус.

„Сите зборуваа за Јунајтед, но за него беа заинтересирани 12 клубови. Имавме сериозни преговори со сите, но на крајот спортистот решава сам за својата иднина. Не разбирам зошто толку многу се разговара во Англија за тоа зошто Ерлинг се пресели во Борусија Дортмунд. Тој е млад и има време во својата кариера да се пресели во Премиерлигата“, вели Рајола.

Халанд досега постигна 28 голови и седум асистенции на 22 меча за Салцбург.