Рајола пристигна во Торино: Јувентус го продава Роналдо и ќе го купи Халанд!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо е блиску до трансфер во Манчестер сити, а сите светски медиуми постојано објавуваат нови информации за потенцијалниот трансфер.

Заминувањето на Роналдо ќе остави простор во екипата на Јувентус, но и во буџетот за плати, па „Старата дама“ веќе работи на замена за Португалецот.

Во Торино пристигна Мино Рајола пред неколку часа и тој треба да биде човекот кој ќе ја донесе замената за Роналдо.

Италијанските медиуми пишуваат дека неговата посета е поради Мојсе Кин од Евертон, но Јувентус наводно сака да го купи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Сепак, тоа ќе биде навистина тешко затоа што Рајола бара провизија од 50 милиони евра.