Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Контроверзниот напаѓач, Марио Балотели неславно ќе ја заврши авантурата во редовите на Бреша по само една сезона помината во клубот.
Напаѓачот ќе биде избркан од клубот откако не се појавил на еден од тренинзите, па од Бреша одлучиле да му го раскинат договорот.
Сега на социјалните мрежи се огласи неговиот агент, Мино Рајлоа кој упати жестоки зборови до италијанскиот клуб.
„Се однесуваат дискриминирачки кон Балотели. Никогаш не го тестираа на Ковид 19. Ниту еден единствен пат“ –напиша Рајола на Инсаграм, а со краток коментар се надоврза и самиот Балотели: -„Да, вистина е“.
Балотели ќе си замине од клубот, а голема е веројатноста целата оваа ситуација да заврши и пред суд.