Рајола: Само еден клуб му беше погрешен потег на Ибрахимовиќ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ сезонава игра во неверојатна форма во Серија А, па и на 39 години е најдобар стрелец во италијанското првенство со десет голови.

Шведскиот напаѓач направи вистински потег со враќањето во Милано, а неговиот агент Мино Рајола открива кој тим бил најголема грешка на Ибрахимовиќ.

„Замина таму бидејќи сакаше да живее во Лос Анџелес со семејството. Но, тој направи погрешен потег во неговата кариера. Златан секогаш сака да победува, без разлика дали во прашање е фудбал или видео игри. Неговите соиграчи во тој клуб не беа со тој менталитет, односно ја немаа таа желба за победа“, кажа Рајола.