Рајола збесна: Ме закопувате по вторпат за четири месеци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веста дека почнал фудбалскиот агент Мино Рајола го потресе светот, но сепак на крајот се потврди дека е жив.

Светските медиуми објавија дека Рајола го загубил неговиот живот, по што се јави првиот соработник Хозе Фортес Родригез и кажа дека состојбата е лоша, но тој сè уште е жив.

Доктор Алберто Зангрило од болницата „Сан Рафаеле“ исто така кажа дека состојбата на Рајола е сериозна и тој се бори за својот живот.

„Изнервиран сум поради вестите од новинарите кои шпекулираат за живот на човек кој се бори да преживее“, кажа докторот.

Рајола потоа потврди дека е жив и објави статус на неговиот профил на Твитер.

„Моментален статус за тие што се прашуваат: Изнервиран сум затоа што ме закопаа по вторпат за четири месеци“, напиша Рајола.