Рајс: Сакаме да го победиме Манчестер сити на „Итихад“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Арсенал, Деклан Рајс даде коментар пред дербито против Манчестер сити во 29. коло од Премиерлигата.

Рајс кажа дека сакаат победа против големиот ривал на „Итихад“ со што би направиле чекор напред кон титулата.

„Оваа сезона имавме незгодни ситуации и тесни натпревари на кои моравме да победиме затоа што во спротивно ќе заостаневме зад екипите кои се борат за титулата. Го чувствуваме притисокот пред натпреварите, но ќе излеземе на терен и ќе направиме сè што можеме за да победиме. Навистина се мотивирам во тие моменти, сакаме да победиме на ‘Итихад’“, кажа Рајс.