Рајт кажа што му е потребно во моментов на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал беше поразен од Ливерпул со 0-2 на домашен терен во третото коло од ФА-купот, а легендарниот Иан Рајт по мечот објави кратка порака.

„Топчиите“ очигледно имаат проблеми во нападот, па затоа и тренерот Микел Артета побара засилување во нападот, а тоа го потврди Рајт.

„Потребен ни е убиец“, напиша Рајт.

Артета набрзо испрати краток одговор и кажа дека не постои голема веројатност дека ќе се засилат со звучно име во јануари.

„Во моментов тоа не изгледа реално. Моја работа е да ги подобрам фудбалерите кои ги имаме на располагање“, кажа Артета.