Ракип даде гол во шведското дерби, но Малме изгуби со пресврт (Видео)

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип имаше одличен старт на натпреварот против Ѓургарден откако постигна гол за водство на Малме од 1-0.

Малме имаше предност и од 2-0 по голот на Рикс, но сепак гостите успеаа во вториот дел да направат целосен пресврт и да го добијат дербито.

Головите на Ѓургарден ги постигнаа Андерсон, Холмберг и Даниелсон.