Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за натпреварот со Лихтенштајн и Германијам, а ново име на списокот е Ердал Ракип.
Ракип неодамна доби шанса да игра за македонската репрезентација, па веднаш доби повик од Милевски, кој кажа дека фудбалерот ќе добие шанса, а на него останува да се наметне во екипата.
„Со Ракип ќе добиеме на конкуренција во средниот ред. Останува на него дали ќе се наметне во иднина, тој е млад и неговата возраст ни дава за право да веруваме дека ќе го имаме понатаму“, изјави Милевски.
Натпреварот со Лихтенштајн го играме на гости на 8 октомври, додека на 11 ја пречекуваме Германија.