Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ердал Ракип дебитираше за Македонија во мечот против Лихтенштајн кој го добивме со 4-0 минатиот месец, но тој не настапи на последните квалификациски натпревари поради повреда.
Ракип пред ждрепката за баражот за Мундијалот во Катар зборуваше за медиумите и кажа дека нема да му бидеме лесен противник на никого, иако многумина сметаат дека сме аутсајдери.
„Македонија ја гледаат со потценување, но мислам дека играме добро. Многу фудбалери играат во странство, а во нападот ни недостига Пандев, но имаме и млади фудбалери кои доаѓаат“, вели Ракип.
Македонскиот репрезентативец зборуваше и за тоа кој го посакува како противник во полуфиналето на баражот.
„Има многу добри репрезентации во баражот, а би било интересно ако се соочиме со Шведска. Не би било ждрепка од соништата, но нормално е да сакаме да ги избегнеме Италија и Португалија, зашто тие се најтешките. Секако, Шведска не е идеален противник, но е подобар од Италија или Португалија“, објаснува Ракип.
ФОТО: ФФМ