Ракип: За мене е голема чест што го носам дресот на Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ердал Ракип за првпат го облече дресот на фудбалската репрезентација на Македонија и ќе биде дел од екипата која треба да се соочи против Лихтенштајн и Германија во октомвриските квалификации за Светското првенство (СП).

Селекторот Благоја Милевски го повика фудбалерот на шведски Малме во репрезентацијата, а Ракип вели дека е среќен што добил понуда да го облече дресот на Македонија.

„За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка. Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе“, кажа Ракип.

ФОТО: ФФМ