Ракитиќ го избра новиот тренер за Барселона?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ во јануари потпиша за Ал Шабаб, но сè уште ги следи случувањата во неговиот поранешен клуб Барселона.

Ракитиќ во интервју за шпанските медиуми откри дека размислува за иднината по завршување на кариерата, а воедно зборуваше и за новиот тренер на Барселона.

Чави најави дека ќе замине од клубот на крајот на сезоната, но Ракитиќ верува дека не постои човек кој може да го замени во моментов.

„Одлуката е на него, но мислам дека нема човек кој ја разбира Барселона подобро од Чави. Тој го презеде тимот во деликатен момент, со многу промени и во моменти кога беше тешко“, кажа Ракитиќ.