Ракитиќ го „провоцира“ Меси: Освоив трофеј кој ти нема никогаш да го имаш!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иван Ракитиќ минатото лето ја напушти Барселона по шест сезони минати во каталонскиот клуб. Хрватот беше еден од играчите кои немаше да добијат место во екипата на Роналд Куман.

Хрватот остана во одлични односи со колегите од Барселона, а човекот со кој често се шегува е Лионел Меси.

„Еднаш го провоцирав со зборовите: Ти освои многу трофеи, постигна многу голови, но јас освоив трофеј кој ти никогаш нема да го освоиш, а тоа е во Лигата на Европа“, се пошегува Ракитиќ.

Ракитиќ овој трофеј го освои во 2014 година со екипата на Севиља.