Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Иван Ракитиќ, поранешен играч на хрватската репрезентација, создаде хаос на социјалните мрежи преку објава на Инстаграм. Тој го честиташе трансферот на Лука Модриќ во Милан и предизвика бурни реакции.
Во стори што го објави, Ракитиќ сподели фотографија со Модриќ, додека во позадина се слушаше песна од група навивачи на Милан.
Меѓутоа, неговиот избор на песна предизвика контроверзии бидејќи таа содржела стихови кои го навредуваат Јувентус.
„Најискрено се извинувам на Јувентус и неговите навивачи. Немав намера да навредам никого – песната ја избрав исклучиво како симбол на поддршка за Милан и мојот пријател Лука, не знаејќи го нејзиниот вистински текст и значење. Жалам за недоразбирањето“, напиша Ракитиќ.
Фото: Принтскрин