Ракометар на Бутел претепан, се бори за живот, брат му даде прва изјава!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Денис Тот кој игра во екипата на Бутел бил претепан во Скопје и се бори за својот живот.

Тот бил примен во средата во утринските часови во болница со тешки повреди по целото тело, а ситуацијата му е критична и се бори за живот.

Засега не е познато што се случило, а МВР не откри повеќе детали за случајот, додека хрватски „Вечерњи“ ја пренесува изјавата на брат му Борис.

„Родителите заминаа за Скопје, немаме информации што се случило“, вели Борис.

Тот заработил повеќе скршеници и други повреди откако бил удиран со тупаници, нозе и различни предмети.