Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација ќе добие награда од 50.000 евра ако успее да се пласира во вториот круг од Европското првенство (ЕП), кое почнува на 13 јануари.
Ракометарите на селекторот Кире Лазаров ќе добијат премија од 50.000 евра за пласман во следната фаза од натпреварувањето.
„Управниот одбор на РФМ донесе одлука да ги награди ракометарите на машката сениорска репрезентација со 50.000 евра за пласман во втората, односно главната фаза на Европското првенство“, соопштија од федерацијата.
Македонија на ЕП ќе игра во група со Словенија, Црна Гора и Данска.