Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваат дека актуелниот шампион Милан е во лоши односи со португалскиот репрезентативец Рафаел Леао.
Португалецот од 2019 година го носи дресот на Милан и е најдобар фудбалер на „росонерите“, меѓутоа не сака да стави потпиа на нова соработка.
Милан неколку пати се обиде да му го продолжи договорот, но Леао не е задоволен поради откупната клаузула во неговиот договор.
„Росонерите“ поставија клаузула од 150 милиони евра, а фудбалерот и неговиот агент бараат истата да биде намалена на половина.
Милан оваа сезона игра ужасно и се наоѓа на петтото место во Серија А, па ги чека тешка битка за позициите кои водат во Лига на шампиони.