Раководството на Победа ги израдува навивачите: Мегленски и Карчески сепак ги продолжија договорите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Победа изаде во текот на денепниот ден соопштение за јавноста.

Ја известуваме фудбалската јавност дека на радост на клупското раководство на ФК Победа, доцна синоќа успеавме да договориме продолжување на договорите со Мегленски и Карчески. Тие ги прифатија првично понудените услови и нема да играат за ,,без пари,,. Мегленски покрај играч ќе биде и помошник тренер за развој на млади фудбалери. Тие се битни фудбалери кои оставиле трага во фудбалската историја.
Благодарност и до дел од НК ,,Мајмуни,, кои помогнаа во решавањето на целата ситуација.
Нашата цел е да направиме достоен клуб составен претежно од прилепски млади фудбалери кои во иднина ќе бидат носители и на клубот, но и на македонската фудбалска репрезентација и таа клупска политика почнавме да ја реализираме…но потребно е трпение и време…
ФК ,,Победа,, не е ,,еден,, фудбалер и никогаш нема да зависи од поединци кои се ставаат над сите. Тоа од вчера на сите им е јасно!
Со почит, ФК ,,Победа,,