Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Функционерите во англиските клубови минатата недела едногласно го поддржаа предлогот за продолжување на Премиерлигата. Тимовите сакаат да се вратат со групни тренинзи од 18 мај, а планот е сезоната да продолжи на 12 јуни и да се игра на неутрални терени.
Меѓутоа, за тоа ќе им биде потребна дозвола од државата, а според последните информации од понеделник ќе бидат дозволени тренинзи на отворено, што е добра вест.
На продолжување на сезоната на неутрални терени најмногу се спротиставија клубовите кои се во опасната зона, а тоа се Норич, Астон Вила и Бормут, како и Брајтон, Вест хем и Вотфорд.
На нив им одговора да биде прекината сезоната затоа што во таков случај никој не би испаднал од лигата, додека во случај на продолжение на сезоната ќе се води тешка битка за преживување.
Сепак, раководството на Премиерлигата им се заканила на бунтовниците дека може да ги исфрли од првенството, а тоа најверојатно значи дека веќе имаат согласност од останатие 14 екипи за рестарт на сезоната.