Раководството на Реал Мадрид донесе одлука што ќе биде со Азар


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Управата на Реал Мадрид реши што ќе се случи со Еден Азар, кој имаше голем број проблеми со повредите.

Белгиецот од доаѓањето од Челси има проблеми и не се покажа како големо засилување за „кралевите“, иако тие очекуваа многу од него.

Сепак, Реал нема да се откаже од него многу лесно. Шпански „АС“ објави дека „кралевите“ ќе го задржат Азар и следната сезона и тоа ќе му биде последна шанса.

Ако не успее да фати ритам, тогаш Азар ќе биде продаден на две години пред да му заврши договорот со актуелниот шпански шампион.

Азар за само две сезони одигра 35 меча за Реал и притоа постигна четири голови.