Раководството на РК Охрид удри по селекторот Брестовац


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од раководството на ракометниот клуб на Охрид упатија сериозни критики до селекторот на сениорската, но и на кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац.

Охриѓани се револитрани затоа што во списокот на повикани играчи не се најде ниту еден ракометар од нивниот тим иако тие стигнаа до второто место во младинската конкуренција откако загубија од Металург со 31:30 во финалниот натпревар од разигрувањето.

Младите ракометари на Македонија ќе играат на Меѓународниот турнир „Бугојно 2019“ а Брестовац за истиот повика вкупно 25 ракометари.

„Секогаш сакам да останам објективен и со ладна глава да го резонирам изборот на ракометари повикани за да настапат за националната селекција,  но со последниов список на играчи повикани да настапат за кадетската селекција на турнирот во Бугојно сериозно ме става во мисла дали некој има нешто против РК Охрид. Младинската екипа на РК Охрид беше втора на завршниот турнир викендов и тоа во драматичен финиш загубивме во финалето. Во цела сезона имавме еден пораз и тоа на натпревар без натпреварувачко значење. Селекторот и директорот на репрезентација беа присутни на финалниот турнир и можеа да ги видат квалитетите на сите играчи. Сите овие околности ми даваат за право да се сомневам во изборот на играчи на Брестовац. Ние како клуб до Ракометната федерација на Македонија ќе доставиме барање да се разгледа начинот на кој се бираат играчите и сметаме дека е жално да доаѓа до мерење на суети помеѓу поединци, федерација клубови кога станува збор за овие млади категории“- истакна спортскиот директор на РК Охрид, Горан Недески.

Инаку на завршниот турнир од младинската лига покрај сребрениот медал, охриѓани освоија и три индивидуални награди. Десното крило Наум Костов заврши како најдобар стрелец, додека во идеалниот тим беа избрани Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески.