Ралф Рагник со конкретни барања од Милан, наскоро би можел да го преземе клубот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Ралф Рагник би можел да стане нов тренер на тимот на Милан.

Рагник би требало да го замени Стефано Пиоли на клупата на „Сан Сиро“, но за да го стори тоа побарал конкретни услови од управата на клубот.

Германскиот стратег сака да го подмлади тимот со докажани фудбалери кои не се многу стари. За таа цел бара високи 150 милиони евра за транфери, кои наводно од Милан биле подготвени да му ги дозволат.