Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос со години ги бранеше боите на Реал Мадрид, но од ова лето игра за францускиот гигант ПСЖ.
Ждрепката во Лигата на шампиони (ЛШ) реши во осминафинале да се соочат Реал и ПСЖ, а искусниот дефанзивец е голем професионалец и нема да ја штеди поранешната екипа.
„Ќе изгинам за ПСЖ на мечот против Реал Мадрид“, кажа 35-годишниот дефанзивец, кој за 16 сезони во дресот на Реал Мадрид освои 22 трофеи, меѓу кои и четири во ЛШ.
Интересно е тоа што Реал прво ја извлече Бенфика, но УЕФА потоа ја поништи ждрепката поради техничка грешка и мораше повторно да влече парови.
По повторената ждрепка, „кралевите“ добија тежок противник, додека ПСЖ немаше среќа ниту по вторпат, откако претходно го доби Манчестер јунајтед.