Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос е слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ, а во изминатиот период се шпекулираше дека ќе ја засили Севилја, но очигледно тоа нема да се случи.
Како една од дестинациите на Рамос се споменуваше шпанската екипа, но потпретседателот на клубот кажа дека не преговараат со дефанзивецот.
„Рамос е одличен фудбалер и потекнува од нашата фудбалска академија, но тој во моментов не е опција за Севилја. Помеѓу нас и него нема ништо, не водиме преговори“, кажа Караско.
Шпанецот има и други опции за неговата иднина, зашто во изминатите недели се споменуваа тимови од МЛС-лигата и од Саудиска Арабија.