Рамос добил понуда од 100 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос потврди дека си заминува од ПСЖ по две години поминати во францускиот шампион, а вечерва ќе го одигра последниот меч во дресот на парижаните.

Рамос преку социјалните мрежи порача дека дуелот со Клермон ќе му биде последен во дресот на ПСЖ, по што се очекува да потпише за друг тим.

Шпански „АС“ објави дека Рамос добил понуда од 100 милиони евра од Ал-Хилал, а дефанзивецот сериозно размислува да ја прифати и да тргне по стапките на неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо кој игра за Ал Наср.