Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпански „Ел Конфиденсијал“ објави приватни разговори меѓу поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.
Рамос редовно комуницирал со Рубиалес во период од 2018 до 2019 година, а притоа сакал да ја добие „Златната топка“ и побарал помош од првиот човек на шпанскиот фудбал.
„Добровечер Руби, се надевам дека си добар. Знаеш дека никогаш не барам ништо, но сега мислам дека оваа година е посебно нешто. Би ти бил благодарен до крајот на животот“, му напишал Рамос на Рубиалес и побарал да ги контактира неговите пријатели за помош.
Шпанскиот дефанзивец минатото лето си замина од „кралскиот клуб“ и потпиша за ПСЖ.