Рамос ги изненади сите на закажаната прес-конференција!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваа дека Серхио Рамос ќе донесе одлука за неговата иднина, но капитенот на Реал Мадрид не го направи тоа на прес-конференцијата.

Капитенот закажа прес-конференција на која се очекуваше да каже каде ќе ја продолжи кариерата, но тој зборуваше за неговиот документарен филм.

На прашањето дали ќе го продолжи договорот, тој даде чуден одговор.

„Има многу нејаснотии во моментов. Би сакал да можам да кажам нешто ново, но едноставно нема ништо. До сега само мислев како да се опоравам од повредата и да ја завршам сезоната на најдобар можен начин. Нема ништо ново на темата за мојот договор. Ветувам дека ако има нешто конкретно ќе го објавам. Засега сум мирен и фокусиран на оваа сезона“, изјави Рамос.