Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Искусниот шпански фудбалер Серхио Рамос стана тема на денот во Мексико откако ноќта меѓу недела и понеделник доби директен црвен картон во победата на неговиот Монтереј над Пумас со 3:1 во натпревар од 12-то коло на Клаусурата.
Поранешниот капитен на Реал Мадрид беше исклучен во првата минута од судиското продолжение откако удри противнички играч, а главниот судија на натпреварот немаше дилема да го испрати искусниот дефанзивец во соблекувалната порано.
Ваквиот потег на Рамос не му се допадна на тренерот на домашниот тим кој беше прилично критичен кон Андалузиецот.
.🟥 СЕРХИО РАМОС, ИСКЛУЧЕН на својот петти натпревар со РАЈАДОС.
— ChiringuitoLatino (@chirilatino) March 17, 2025
👀 Ова е акцијата за која централниот го доби црвениот картон.pic.twitter.com/0WNHQ5luuQ